Утре не очекува сончево време со температури до 21 степен

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево, а во попладневните часови во западните делови ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје слично време, претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови, особено во среда.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски