Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер во крајните западни делови повремено ќе засилува и наместа се очекува да достигнува над 60 км/час.
Утринската температура ќе се движи од три до 12 степени, а дневната од 24 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната до 28 степени.
До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува умерен јужен ветер, особено изразен вдолж Поварадарието. Температурата ќе биде во пораст. Потоа облачноста ќе се зголеми, а најоблачно преку целиот ден ќе се задржи во сабота, додека во наредните денови ќе има подолги сончеви периоди. Од сабота до вторник во попладневните и вечерните часови ќе има локален дожд, кој краткотрајно можно е да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи. Во недела ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови спуштање на дневната температура за 4 до 5 степени во однос на претходниот ден. Од понеделник температурата повторно ќе биде во пораст.