Утре не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и умерен до засилен ветер

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен во котлините на север и в долж Повардарието, а брзината на ветерот повремено ќе надминува 60 км/час.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 11 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во наредните денови се очекува стабилизирање на времето. Ќе дува ветер од јужен правец. Утринската температура во недела на места ќе се спушти под нулата, а дневната температура ќе биде во пораст и ќе достигне над 20 степени во регионите на југоистокот. Во вторник се очекува температурата на југоисток да достигне 24 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски