Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 20 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично, со максимална температура до 28 степени, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.