Утре ќе биде сончево со умерена облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Зголемување на облачноста ќе има во четврток и во недела кога ќе има услови и за слаб локален дожд. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст особено за викендот и во првите денови од наредната недела.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски