Утре ќе биде сончево со слаб до умерен ветер, температури до 32 степени

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 22 до 32 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Во наредните три дена времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Особено топло се очекува во петок и сабота, кога на места температурата ќе биде над просекот за овој период до годината.

Промена на времето се очекува во недела, кога под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабило со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневната температура ќе опадне, особено во почетокот на следната недела.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски