Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во јужните делови услови за дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. УВ индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20 степени, а дневната од 30 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната температура до 39 степени.

До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе биде висока. Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски