Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови со локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Температурата ќе се движи од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 33 степени.

Потоа продолжува периодот на стабилно време со секојдневен пораст на дневната температура, која до вторник во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ индексот во наредните денови ќе има многу високи вредности.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски