Утре ќе биде сончево и топло, дестабилизирање во петок попладне

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 27 до 34 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност во текот на денот и со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 32 степена.

Позначајно дестабилизирање на времето ќе има од петок попладне па во наредните денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок вечер и в сабота околу пладне и попладне.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски