Утре ќе биде сончево и релативно студено

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно студено со слаб северен ветер. Утринските температури на повеќето места се спуштат под нулата.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од 10 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност претежно висока. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минус два до 14 степени.

Следува период на претежно сончево и студено време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. В петок и за време на викендот ќе има извесно зголемување на облачноста и постепен пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски