Утре ќе биде сончево и многу топло, УВ-индексот со вредност 9

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Попладне ќе дува северозападен ветер, кој на север и вдолж Повардарието ќе засилува. Претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 30 до 39 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и потопло. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Од петок попладне, преку ноќта и во сабота времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер претежно во источните и јужните делови.

Во недела во претпладневните часови врнежите ќе престанат, а овој ден ќе биде најсвеж во периодов со температура која на повеќето мета нема да надмине 30 степени. Од понеделник температурите повторно благо ќе се покачуваат.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски