Утре ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди и повремени врнежи од дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, особено во западните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Повеќе врнежи се очекуваат во јужните и западните делови на земјава.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со дожд кој повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 19 степени.

Од четврток до сабота ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Нов влажен бран се очекува в недела.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски