Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, на места ќе достигнува брзина до околу 65 км/час. УВ индексот ќе има вредност 5.
Утринската температура ќе се движи од осум до 15 степени, а дневната температура од 17 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, на места проследен со ретки грмежи и со засилување на ветерот. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната до 28 степени.
В четврток времето ќе биде променливо облачно и доста свежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне за околу 10 тина степени. Потоа во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниски утрински температури.
