Утре ќе биде претежно сончево со пролетни температури

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје слично време, сончево со појава на слаба магла во утринските часови.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

И во петок времето ќе биде стабилно и суво. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла. В петок кон крајот на денот и во сабота ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег. Температурата значително ќе опадне, особено во недела.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски