Утре ќе биде претежно сочево и топло, температури до 37 степени

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната температура од 27 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 35 степени.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време со дневни температури кои во најголем дел од земјава ќе се задржат во рамките на просекот за овој период од годината. Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот оваа облачност ќе биде проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува облачно време со локален дожд и засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе опадне.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски