Утре истекува рокот за изборната регулатива, странците повторно на сцена?

Од:

До утре работните групи треба да ги затворат сите прашања поврзани со изборната регулатива. Тоа е рокот зададен во договорот од Пржино.Но изгледа и овој пат меѓународната заедница повторно ќе стапи на сцена, бидејќи и денеска работните групи немаат состанок.

Најверојатно, велат извори од преговарачките групи за А1он, и ова ќе се реши во последен момент, под притисок на амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав и белгискиот експерт Питер Ванхојт. Досега за ниту едно од спорните прашања не е постигнат договор. Најблиску до договор е Државната изборна комисија.

Таа треба да биде составена од девет членови, по тројца да предлагаат власта и опозицијата, а другите тројца да бидат независни експерти.

Но нема договор за зголемената надлежност на ДИК околу Избирачкиот список, како и околу тоа кој да одлучува по жалбите за изборите. Опозицијата бара повеќестепена жалбена постапка за евентуални изборни нерегуларности, а ВМРО-ДПМНЕ инсистира за жалбите единствено да е надлежен Управниот суд. Виси и прашањето за прочистување на избирачкиот список преку активна регистрација, бидејќи претставниците на ДУИ и на ДПА не се согласуваат.

Но партиите се согласни- регистрацијата на гласачите да се проверува со отпечаток од прст како можност да се избегнат сите изборни нерегуларности. Гласањето на дијаспората, медиумското изборно преставување, одвојување на партијата од државата, финансирање на кампањата, се прашања за кои секој стои на сопствените ставови.

Од опозициската СДСМ, сметаат дека дијаспората треба да има право на глас на изборите, но неопходно е да се направат одредени законски измени, во согласност со укажувањата на меѓународните организации и извештаи. Сепак најголеми и најзначајни се разликите за модел. СДСМ се залага за пропорционален модел со една изборна единица, а ВМРО-ДПМНЕ бара враќање на мнозинскиот модел.

Дополнително ситуацијата може да ја искомпликува и ставот на ДУИ, Претседателот на државата наместо на непосредни избори, да се бира од пратениците.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски