Утре и во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево и топло со пораст на дневната температура. Во понеделник попладне и во вторник повторно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Како што информира УХМР, до крајот на денов ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде од 24 до 32 степена, а УВ индексот осум. Во Скопје слично време со температура до 29 степени.
Според последните податоци за врнежните, во изминатите 24 часа паднале 43 литри дожд на метар квадратен во Прилеп, 10 во Пожаране, седум во Берово, шест во Тополчани, пет во Тетово, четири во Крушево, три во Гевгелија, два во Скопје и по еден литар на единица површина во Битола и Струмица.