Утре и во петок температурите во Македонија до 40 степени

Од:

Територијата на целата држава, утре и во петок ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолта односно алертна фаза. Температурите ќе се движат од 34 до 40 степени, зависно од регионот, соопшти Министерството за здравство.

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата.

Населението од цела држава потребно е да ги почитува општите препораки за заштита од високите температури, како што се заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната. Посебно внимателни да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат од лекар препишаната терапија и без неопходна потреба да не излегуваат надвор од домовите.

Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување на храна во фрижидер на плус осум степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи (разни кремови, мајонези, сладолед и сл).

Министерството за здравство информира дека пунктови за превенција од топлотни бранови континуирано функционираат низ целата држава, секој ден во периодот од 18:30 до 21:30 часот.

Во сите градови низ држава на плоштади или паркови се поставени превентивни здравствени пунктови за бесплатни прегледи каде на граѓаните им се мери крвен притисок, се делат флаери, и се добиваат здравствени совети за превенција од топлото време.

Во Скопје се поставени три мобилни пунктови, од кои еден се наоѓа на пешачката патека кај реката Вардар и по два мобилни пункта се распоредени во сите скопски општини.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска