Времето утре во Македонија ќе биде облачно, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за појава на невреме со град.
Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично, со утринска температура до девет и со дневна до 16 степени.