Дожд што наместа ќе биде пороен, грмежи и ветер, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи.
Се очекува локално да наврнат и повеќе од 20 литри на метар квадратен. Нестабилното време ќе биде поизразен во источните делови. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер претежно од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 5 до 12 степени, а максималните од 7 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе биде 9, а максималната 14 степени.