Утре дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои претпладне ќе бидат застапени во западните делови, меѓутоа до крајот на денот ќе се прошират насекаде. На планините и на некои повисоки места до вечер врнежите ќе поминуваат во снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови особено кон крајот на денот можно е да паднат и до 20 л/м2 воден талог. Попладне и во ноќните часови ќе дува засилен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/ч., што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од шест до 15 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно, ветровито и студено. Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од еден до осум степени.
За време на викендот се очекува стабилно и посвежо време.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски