Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне е можна појава на изолирана нестабилност повторно во планинските региони претежно проследено со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 31 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност и со слаб југоисточен ветер.
Утринската температура до 15 степени, а дневната ќе достигне до 35 степени.
Утре и почетокот на следната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ. Дневните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината.
Во понеделник ќе биде сончево, а во вторник во попладневните часови ќе биде нестабилно во планинските региони.
Во среда и четврток ќе биде променливо нестабилно со повремени поројни врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Дневните температури значително ќе опаднат.