Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

Од:

Владата усвои „Развојна секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година“ за која велат дека е во насока на зголемување на ефикасноста на правосудниот систем.

Во соопштението од владата стои дека стратегијата за правосудството 2024 – 2028 година, според Министерството за правда како предлагач, е стратешки документ, којшто се донесува заради утврдување, планирање и спроведување на политиките за натамошен развој на правосудниот систем. При нејзиното финално изготвување, од владата велат дека се земени предвид експертски мислења, како и мислењето од Европската комисија.

„Покрај прашањата потесно поврзани со судството, Стратегијата, како што е образложено, предвидува и низа мерки во други поврзани области, коишто се значајни за извршување на функциите на правосудниот систем и ефикасно остварување на правата на физичките и правните лица пред правосудните органи“, информираат од владата.

Стратегијата се фокусира на пет клучни приоритетни области: судството и јавното обвинителство, капацитетите на посебните институции на правосудниот систем, индивидуалните професии и јавни служби, Уставниот суд и специфичните правни области (кривична и граѓанска материја), коишто се релевантни за функционирањето на правосудството.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски