Усвоена програмата за „Тиквешки Гроздобер 2017“

Од:

Советот на општина Кавадарци денеска ја усвои Програмата за „Тиквешки Гроздобер 2017“, со мнозинство гласови. Организацијата на манифестацијата ќе се реализира на 7, 8, 9, и 10 септември со средства во износ од 5.970. 000 денари. Од општинскиот буџет ќе се издвојат четири милиони денари.

Според најавата, на 7 септември Советот ќе одржи свечена седница по повод денот на ослободувањето на Кавадарци, а потоа ќе се одржи концерт посветен на песната на доајенот на македонската народна музика Никола Бадев.ж

Отворање на Гроздоберот е предвидено за 8 септември од 12 часот со изложба во Музеј галеријата, а од 13 часот ќе се дегустираат грозје и вина на градскиот плоштад. За вечерта се планирани концерти на „Чили плеј бенд“ и „Нокаут“, а на полноќ ќе се избираат крал и кралица на гроздоберот.

Во сабота на 9 септември во програмата се таблијадата, приемот на делегации од страна на градоначалникот и карневалското дефиле и уметнички перформанс. Потоа за присутните на манифестацијата целовечерен концерт ќе има музичката ѕвезда Северина.

За 10 септември планирани се настапи на ДЏ Никифор и Депеш мод – трибјут.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење