Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Од:

Уставниот суд на денешната седница се очекува да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Деталниот урбанистички план со бензинската пумпа на „Пуцко-петрол“ во Општина Карпош.

Подносителка на иницијативата со која е оспорена Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градскара Четврт 3 04, Блок 04.05 – Општина Карпош, заведена под број 09-1656/3 од 3 март 2022 година, со плански период (2020-2025), површина на опфатот (6.313 хектари), изработен од „Билд Урбан” ДООЕЛ Скопје од март 2021 година, донесена на 5. вонредна седница на Советот на Општина Карпош и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.4/2022, е Наташа Шурбановска

Во иницијативата е наведено дека оспорениот Детален урбанистички план ги руши темелните вредности врз кои е заснован уставниот поредок и дека донесената Одлука мора да биде во согласност со ГУП на Град Скопје, бидејќи просторот од градска четврт кадешто е предвидено да се гради бензинска пумпа е планиран за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, а тоа се објекти за домување и делумно комерцијални објекти, но не и објекти со класа на намена Е-инфраструктура во која влегуваат бензински пумпи. Се наведува дека не постојат услови за комунална супструктура за намена на објекти како бензинска пумпа и секоја таква градба би ја загрозило инфраструктурата и може лошо да влијае на здравјето на луѓето и на животната средина.

Подносителката во иницијативата наведува дека Општина Карпош нетранспарентно ја донела Одлуката за неспроведување на стратегиска оценка на влијанието врз животната средина.

Уставниот суд со поведување на постапка на 11 јануари годинава оцени дека тој ДУП не е во согласност со ГУП на Град Скопје, нешто што е предвидено во содржината на Законот за просторно и урбанистичко планирање, но го оценува и како спротивен на владеењето на правото.

Во тек е и времена мерка, бидејќи на истата седница Судот одлучи да се запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука.

На дневен ред на денешната 13. седница на Уставниот суд се и две иницијативи за оценување на уставност и законитост и две барања за заштита на слободи и права.

Би можело да ве интересира

ЈСП има нафта уште за денеска

„Пуцко Петрол“: ЈСП ни должи над 10 милиони евра

А1он

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд