Слаб снег во одредени делови од земјава се очекува уште вечерва и утре претпладне по што ќе следува период на повремено сончево и тивко време со пораст на дневните температури.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека повремено слаб снег ќе има во вечерните и во ноќните часови во северните и во источните делови од државата, како и утре претпладне во крајните североисточни делови. Утринските температури уште во петок ќе бидат до -10 степени.
За време на викендот и во понеделник температурите преку ден насекаде ќе бидат над нула и ќе има услови за утринска магла по котлините.