Уште една средба за изборниот закон, но ни близу до договор

Од:

Се уште е рано да се прејудицира дека ќе се постигне некаков договор меѓу партиите за изборниот законик, вака извори од преговорите ги коментираат средбите меѓу работните групи кои се одржаа викендов. И покрај целодневните раговори и покрај тоа што е пробиен рокот за договор по ова прашање, работните групи се уште не постигнале согласност околу изборните правила.

Се очекува денеска попладне партиите да имаат нова средба во Клубот на пратеници, но не се оптимистични дека ќе се постигне решение. Вчера се разговарало до после полноќ, но останале многу отворени прашања.

Гласањето на дијаспората е најосетливата тема околу која се кршат копјата. Извори велат дека на маса се ставени неколку предлози кои можат да бидат решение, но не откриваат ништо повеќе од тоа.

Како што се случуваше и на претходните средби, така и викендов преговарачите од ВМРО-ДПМНЕ, наводно, се обидувале на секој начин да ја одолговлекуваат средбата.

– Не кажуваат свои ставови, бараат паузи и постојано партиски се консултираат. Се разговара, но не можам да кажам дека е на повидок некаков договор. Од друга страна не можам да кажам ни дека не е – велат извори.

Партиите не го коментираат текстот за изборен законик предложен од посредниците на Европската унија. За сега е познато само дека, освен за дијаспората, се уште се разговара за избирачкиот список и за функционирањето на ДИК.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски