Уште една кривична пријава за поранешниот градоначалник на Крива Паланка, се сомничи за градежни малверзации

Од:

Полицијата поднесе уште една во низата кривични пријави против поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, кој се сомничи за злоупотреба на службената должност при изведување градежни работи, во времето кога беше на чело на општината.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.Н.(68), раководител на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина во општина Крива Паланка, А.А.(59), поранешен градоначалник на Крива Паланка и А.А.(68), овластен градежен инспектор во општина Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Д.Н. изготвил решение со кое на друштво за телекомуникации од Скопје се одобрува изградба на линиска инфраструктурна градба за поставување на канали за телекомуникациски водови и оптички кабел во Крива Паланка, кои биле одобрени од А.А.(59), а се извршувале работи за измена на траса на веќе изградена градба на релација од граничен премин „Деве Баир“ до Граничен премин „Ќафасан“, со Одобрение за градење од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија, а не за нова градба,“ велат од полицијата.

„Со дејствието му овозможиле на инвеститорот да склучи договори со друг изведувач од Скопје за износ од 1.941.381 денари. По завршувањето на работите, од нарачателот на изведувачот биле исплатени само 865.198 денари од вкупниот износ, со што му била нанесена штета во износ од 1.076.183 денари. А.А.(68) на 22.09.2016, иако при инспекциски надзор констатирал дека новиот крак од објектот е поврзан на постоечкиот линиски инфраструктурен објект, писмено го известил Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Скопје дека инвеститорот ја поседува потребната техничка документација.

Пријавените, покрај нанесената штета на изведувачот, нанеле и штета на ЈП за Државни патишта со поставувањето на оптичкиот кабел на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово и овозможиле на правно лице, сопственост на А.А.(59) да ги користи услугите од поставените канали за телекомуникациски водови и оптички кабел,“ велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Загина велосипедист, уапсен возачот на камионот кој го удрил