Дополнителни 140.000 евра ќе потроши Министерството за култура за уредување и за осветлување на портата Македонија, пишува денешен Вест.
Покрај основниот договор со “Гранит“, според кој изградбата на Портата чини 4, 5 милиони евра, деновиве е потпишан нов договор за непредвидени работи со фирмата “Дизајн Фантази“.
Таа за околу 90.000 евра, треба да изведе занаетчиско – ентериерни работи, да набави мебел, опрема и да го осветли објектот. Нов договор е потпишан и со “Гранит“, кој за 50.000 евра треба да изведе дополнителни градежно занаетчиски и инсталациони работи.