Вчера околу 11:00 часот во с. Теарце-Тетово, по течението на реката Бистрица, како последица на обилните врнежи дошло до ерозија на земјиштето (дрва и карпи) на потег од околу 100 метри, при што бил оштетен новоизградениот земјен пат и 7 цевки кои биле вкопани под патот.
Градежните работи ги изведува италијански инвеститор „СОЛ Хидрпауер“, кој исто така по течението на реката Бистрица до потегот Пршовце до м.в.„Три воде“ гради неколку хидроцентрали. Од настанот причинета е материјална штета од околу 50 000 евра.