Оваа година ќе се менаџира градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на Локалитетот „Никола Карев“, градежна парцела со површина од 3.990 метри квадратни наменета за семејно станбено домување со почетна цена по метар квадратен од 1.040 денари или вкупна почетна цена од 4.149.600 денари, како и за три парцели за станбени куќи на локалитетот „Видое Смилески“ во Блок 15, со почетна цена од околу 20. 000 денари.
Програмата за градежно земјиште помина со едногласна поддршка на денешната редовна седница на Советот на општина Виница, на која сбеше донесен и ДУП за Блок 9, дел 2 , планскиот опфат меѓу улиците „Бел Камен“, „Пионерска“, „Маршал Тито“ и „Илинденска“ со вкупна површина од 0,89 хектари, како и ДУП за Блок „15“ дел 1 и дел 4 со површина од 8,97 ха .
Советот на денешната седница донесе предлог-одлука за кофинансирање на рехабилитациски работи за штетите од поплавите во басенот на река Брегалница во висина од 1 милион и 60.000 денари, како и за кофинансирање на изведба на градежни работи за уредување на коритото на река Осојница во висина од 550.000 денари.
Советот го усвои и кварталниот извештај за третиот квартал од 2016 година, според кој вкупните приходи се остварени со 89 отсто, вкупните расходи со 87 отсто, а вкупните доспеани обврски на општината на крајот од 2016 се околу 44 милиони денари.
На денешната седница беа разгледани и извештаите и програмите за работа на културните институции, а беа прифатени и неколку барања за утврдување правен статус.