Уредба за првите мерки од третиот сет ќе има следната недела, најави Царовска

Од:

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, денеска ги отфрли тврдењата дека се доцни со економските мерки за справување со коронакризата, односно со третиот сет мерки.

„За да може да кажеме дека доцниме треба да знаеме дека првиот и вториот сет на мерки кои беа донесени од Владата и преточени во уредби и правни акти се уште се во тек и се имплементираат. Третиот сет мерки почнува во моментот кога овие мерки од првиот и вториот сет стигнуваат при крај. Кога зборуваме за доцнење треба да сме свесни дека Владата овој трет сет на мерки го усвои минатата недела. До денеска имаме поминато само шест дена и токму затоа инстиуциите работат посветено и јас сум сигурна дека наредната недела тие веќе ќе излезат со првите делови од мерките. Не велат дека сите делови од мерките ќе се усвојат наредната недела. Првите мерки би требало да бидат преточени во уредба наредната недела и да почнат да се имплементираат по завршувањето на вториот сет мерки, но секако дека течат и мерките од првиот сет“, рече Царовска.

Царовска, која е коносител на листата на СДСМ во ИЕ 1, денеска заедно со носителот на листата Никола Димитров беа на координативен состанок со кандидатите за пратеници од оваа изборна единица.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Левица:Историчарите ги бојкотираат учебниците по концепција на Царовска

Влада: Економските мерки поттикнаа раст на индустриското производство за 6,3% во февруари

А1он

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Основата за демократско и прогресивно општество е квалитетното образование

А1он

Дводневен Дигитален саем за средно стручно образование наменет за полуматурантите

А1он