Универзална-прекрстена во Конгресен центар „Александар Македонски”

Од:

Со ново име и нов изглед. Вака старата добра Универзална сала ќе функционира во 2015-та година. Формата е веќе позната, ќе биде во облик на јајце, а името, наместо Јавна установа Центар за организирање приредби „Универзална сала”, се преименува во Конгресен центар „Александар Македонски”, пишува еМагазин.

„Страницата не постои“, ваков податок ви дава досегашната страница на Универзална страна. Очигледно ребрендирањето или бришењето на историјата е во тек.

error-univerzalna

А историјата запишала:

Центарот за организирање приредби Универзална сала-Скопје е резултат на хуманоста на повеќе од 20 држави кои по катастрофалниот земјотрес што ја погоди македонската престолнина Скопје во 1963 година увидоа потреба од создавање место каде што македонскиот народ ќе ја промовира националната култура и уметност, но и културата и уметноста на другите нации.

Со капацитет од 1.568 седишта, ЈУ ЦОП Универзална сала од први јануари 1966 година стана дом на срцата на вљубениците во културата и уметноста, место каде што се креираше македонскиот културен и уметнички модернизам, задржувајќи го приматот на писател на историјата на македонската култура и уметност во последните 45 години.

Novo arhitektonsko resenje Univerzalne sale u Skoplju

Капацитетот и сценските услови овозможуваат простор публиката да ја следи реализацијата на бројни настани одржани во нашите простории. Во овие 45 години од постоењето Универзална сала беше домаќин на повеќе од 300 театарски претстави проследени од над 250.000 луѓе, 17 мјузикли и 60 оперски претстави проследени од околу 75.000 љубители на музиката. Од 1966 година до денес се одржани повеќе од 170 џез-концерти, 74 балетски претстави, 35 концерти на етно-музика, над 150 концерти од областа на сериозната музика, околу 100 хуманитарни претстави, повеќе од по 600 концерти од забавната и од народната музика, како и 970 претстави и концерти за деца. Заедно со останатите 2.500 културни настани, во Универзална сала за 45 години се одржани околу 5.000 настани, кои ги проследија нешто помалку од седум милиони посетители.

Токму овие податоци потврдуваат дека Универзална сала е важен актер во креирањето на културната свест во Република Македонија, поради што и во иднина ќе продолжи да ја создава и промовира новата историја на македонската култура и уметност.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски