Времето денеска ќе биде умерено облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Локално ќе има услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје слично време со температура од седум до 18 степени.
Во наредните денови ќе биде посончево и потопло, попладне со локален дожд и со услови за ретка појава на грмежи. Најнестабилно ќе биде во сабота кога на повеќе места се очекува пороен дожд со грмежи.
