Умерено облачно и топло време

Од:

Времето денеска ќе биде умерено облачно и топло, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7, информираат од УХМР.

Во Скопје, времето ќе биде умерено облачно и топло, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за изолирана појава на град. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток. Од петок ќе има стабилизирање на времето.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски