Улиците Александар Урдаревски и Боца Иванова со времен сообраќаен режим

Од:

Викендов,  ќе се изведуваат градежни активности на крстосницата на улиците Александар Урдаревски и Боца Иванова, поради што сообраќајот ќе биде пренасочен на дел од кружниот тек, по улица Боца Иванова, кон гробиштата Бутел, со приклучување на патот Скопје – Бањани, а понатаму по улицата Александар Урдаревски, во двете насоки.

Автобусите од јавниот градски превоз, кои се движат на автобуските линии со број „8“, „57“, „47“, „47-А“, „61“ и „71“ ќе бидат пренасочени по улиците Александар Урдаревски, и Боца Иванова, кон гробишта Бутел, по улица Александар Урдаревски и продолжуваат по својата траса.

Автобусите од претходно посочените автобуски линии, истата траса ќе ја користат и во спротивна насока.

Би можело да ве интересира

Промоција на нови 79 двокатни автобуси

Ана Ололовска

Без греење само потрошувачите од населбата Тафталиџе 2

Ана Ололовска

Ноќни линии на ЈСП на новогодишната ноќ според петочен распоред

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Сочниот“ речник на Коце Трајановски

Ана Ололовска

Утре времен сообраќаен режим на улицата „Даме Груев“

Ана Ололовска

ФОТО: Јани Макрадули и Љупчо Васовски во посета на семејства во Драчево

Ана Ололовска