Без греење само потрошувачите од населбата Тафталиџе 2

Од:

Во поголемиот дел од населбите кои останаа без греење поради исклучувањето од работа на топланата Запад греењето е повторно вклучено. Без греење остануваат само корисниците од населбата Тафталиџе 2, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Екипите на АД Топлификација работат на целосно санирање на дефектот.

Поради губење вода од системот за греење во 12:50 часот од работа беше исклучена топланата Запад, а без греење останаа потрошувачите на потегот од населбите Ѓорче Петров и Хром, па се до Универзална сала. Од 13:25 часот греењето е вклучено кај поголемиот дел од потрошувачите.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов