Синоќа во СВР Скопје 58 – годишен скопјанец пријавил тешка кражба во неговата куќа. Непознато лице му украло 800.000 евра, 60.000 долари, 50.000 франци и еден милион денари:
„ На 04.07.2020 во 22,10 часот во СВР Скопје, Ш.И.(58) од Скопје пријавил дека во период од 19,30 до 21,45 часот во куќа во Скопје во негова сопственост од непознато лице му била извршена тешка кражба така што сторителот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три кеси со 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 швајцарски франци и 1.000.000 денари“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.