Укината забраната за тешки товарни возила на патот Крива Паланка – Деве Баир

Од:

Од 14 часот денеска е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Поради интензивни врнежи од снег, денеска од 11 часот беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Би можело да ве интересира

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он