На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Од:

Најстудено утрово е на Попова Шапка -3 степени, а максимални 8 степени се измерени во Гевгелија.

Според УХМР, до 08:30 часот се измерени и -2 степена во Лазарополе -1 во Mаврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Берово, Kрушево, 2 во Претор, 3 во Охрид, Битола, Прилеп, Пожаране и Виница, 4 во Ѓуриште и Тополчани, 5 во Тетово, 6 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Штип и Струмица, како и 7 степени во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Велес.

На Попова Шапка во 7 часот висината на снежната покривка била 57 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, а најмногу дожд во Тетово

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

Голема потрага по планинарка од Бугарија – исчезна на Попова Шапка

Бандера со струја во спалната соба-нови архитектонски стандарди на Попова Шапка

Горан Наумовски

На Пелистер падна снег