УХМР: Зголемување на нивото на водотеците во наредните три дена

Од:

Во наредните три дена се очекува зголемување на нивоата на сите водотеците низ Македонија, особено во западните делови, поради обилните дождови што ја зафатија државата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Потенцијално ранливи региони се горниот слив на реката Треска, односно областа кај село Пласница и горниот слив на реката Вардар.

Врнежите од дожд проследени со високи температури условија зголемување на сите водостои во Република Македонија особено во западна и северозападна Македонија каде што се забележани најголеми количества наврнат воден талог во изминатите 24 часа.

Облачното време со повремен дожд се очекува да продолжи и во текот на ноќта. Врнежите во западните делови повремено ќе имаат пороен карактер, информира УХМР.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски