• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

УХМР: Следува период на променливо облачно и потопло време

by А1он02/02/2019 - 09:28185
Share0

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека следува период на променливо облачно и потопло време, што на повисоките места и на планините ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

Добивај вести на вибер

По одделни котлини и утре изутрина, како што се посочува, ќе има услови за појава на слаба магла, но преку денот ќе биде ветровито со повремено засилен југоисточен ветер. В понеделник ќе има локални врнежи од дожд главно со слаб интензитет. Нешто повеќе врнежи се очекуваат во среда, кога поради благо заладување, на планините, а и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Висината на снежната покривка измерена изутринава на Попова Шапка е 92 сантиметри, во Маврови Анови – 59, во Лазарополе – 42, Крушево – 39, во Пожаране – 27, Тетово – 10 см…

Времето денеска е променливо облачно, во северозападните делови со слаб локален дожд, на места со ветер од југоисточен правец и релативно топло. Максималната температура ќе достигне до 15 степени. Во Скопје променливо облачно со слаба замагленост претпладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 11 степени, информираат од УХМР.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен