УХМР: Претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците

Од:

Продолжува нестабилното време со повремени краткотрајни локални поројни врнежи од дожд, на места во вид на невреме придружувани со засилен ветер и појава на град, информираат од Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи.

Најавуваат дека на места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјата и појава на одрони и свлечишта. Можна е и појава на течење и слевање на вода низ дел од градските урбани средини на места каде процесите ќе бидат поинтензивни со краткотрајни интензивни врнежи од дожд.

– За поголемите реки засега не постои опасност од нивно излевање. Ваквото нестабилно време со поројни врнежи од дожд се очекува да трае до вторник, кога се очекува стабилизирање на состојбата, соопштија од УХРМ.

Предупредуваат на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во наредните денови, особено за време на попладневните часови од денот.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски