УХМР: Попладне можно невреме со дожд, грмежи и град

Од:

Управата за хидромотелеоролошки работи (УХМР) денеска соопшти дека во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со интензивен дожд и појава на град. Се очекува процесите да бидат почести во источните и во западните планински делови.

Подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на влажна и топла воздушна маса така што условите за нестабилност денеска попладне се особено поволни.

Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Температурата ќе се движи од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 34 степени.
Од недела до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски