УХМР: Од крајот на денов променливо облачно и нестабилно време

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави локален пороен дожд и грмежи кон крајот на денов, особено во северозападното подрачје. Во текот на ноќта во западните делови можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

– Утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, соопшти УХМР.

Во Скопската Котлина најмногу услови за нестабилност ќе има утре околу пладне и попладне. Во недела условите за нестабилност ќе бидат помали.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски