Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за ноќеска и за утре најавува обилни врнежи од дожд кои на повисоките места ќе преминат во снег, како и локални грмежи и засилен ветер.
– Во текот на ноќта и утре под влијание на изразена циклонска активност и поле на низок воздушен притисок, од околу 20 мерни единици под просекот, ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе имаат пообилен карактер и ќе достигнат на 40 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат претежно од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка, соопшти УХМР.
Локално, се додава во соопштението, ќе има појава на грмежи и засилен ветер. Утре попладне и во текот на ноќта кон сабота и во некои пониски места врнежите од дожд ќе поминуваат во снег, но со послаб интензитет.