УХМР: Ноември 2021 година потопол и посув месец во споредба со многугодишните просечни вредности

Од:

Месец ноември 2021 година се карактеризира како потопол и посув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава.

– Вредностите на средната месечна температура изнесувале 5,4°С во Лазарополе до 11,1°С во Гевгелија и споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури за триестгодишен период (1981-2010), овогодинешните биле повисоки за 2.0°С на ниво на држава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Месец ноември 2021, се карактеризира со период од осум во Охрид и Тетово до 21 во Гевгелија дена со максимална температура над 15,0°С.

Апсолутно најниската температура во текот на месецот била измерена во Лазарополе, на 30 ноември и изнесувала -8,2°С. Апсолутно највисоката максимална температура била измерена на 6 ноември во Гевгелија 25,2°С.

Во месец ноември 2021 година, месечната сума на врнежи варирала од 26mm во Демир Капија до 142mm во Охрид. Врнежите биле застапени во почетокот и кон крајот на месецот. Максималната дневна сума на врнежи од 47mm била регистрирана во Охрид на 29 ноември.

– Споредено со ноемвриската просечна вредност (1981-10), измерената месечна сума на врнежи е 18mm или 26 посто помала од просечната на ниво на држава, наведуваат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски