УХМР најавува нестабилно време со пообилни врнежи

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време со пообилни врнежи и локално невреме.

Како што информираат од УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

– Во текот на ноќта, наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, стои во соопштението од УХМР.

Во Скопје денеска во вечерните часови, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер.

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од УХМР.

Времето утре ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град.

Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток.

Под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса врнежи повторно се очекуваат во петок.

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски

Студено утро, умерени дневни температури – дожд и снег на повисоките места

Денеска облачно со дожд и јужен ветер

Минусни температури наутро, дожд и снег попладне

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре