А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УХМР: Граѓаните да се подготват за полуполарни временски услови

by А1он03/01/2017 - 14:1903/01/2017 - 16:16128
Share0

Граѓаните да бидат подготвени за полуполарни временски услови во наредните шест-седум дена со ниски температури до минус 22 степени, снег и замрзнат дожд, внимателни при планирање на патувањата и да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема, апелира Координативното тело за справување со кризи.

Добивај вести на вибер

Според Оливер Римевски, директор на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) следува драстична промена на времето поради поларен бран од Сибир, а којшто ќе ја покрие целата територија на Балканот. Промената, како што рече, ќе почне со дожд и снег на повисоките места, а не е исклучена и појава на леден дожд.

– Граѓаните треба да бидат подготвени за драстична промена на температурата. Веќе во четврток паѓањето снег ќе достигне одредени количини кои ќе можат сериозна промена во временските прилики. Со снег ќе биде зафатена целата територија на Македонија, а на повисоките места над 50 сантиметри, а на пониските 25 сантиметри. Ќе дува студен ветер од северозападен правец, а температурите ќе паднат сериозно под нулата. Во петок, сабота и недела, не очекуават дури и дневни температури од минус десет, а ноќните и до минус 22 степени, изјави Ромевски, по денешната седница на Координативното тело.

Граѓаните, посочи, треба сериозно да ја земат превид прогнозата при планирање на патувањата затоа што снегот во комбинација со ниски темпартури може да донесе сериозни непријатности и последици.

Службите на ЈП „Македонија пат“, според директорот Гајур Кадриу, се распоредени на 37 пунктови на цела територија и деноноќно дежураат, со втор степен за зимско одржување.

Кадриу рече дека екипите, опремени со специјална опрема и абразивни материјали, се на сите пунктови, но оти тоа не значи дека во вонредни услови како што предвидуваат метеорзлозите сообраќајот би се одржувал како по суви коловози.

– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат опремени со зимска дополнителна опрема, а особено тешките товарни возила без зимска опрема и неподготвени да не тргнуваат на пат бидејќи тие се голема пречка при вакви временски неповолности. Сите учесници во сообраќајот да внимаваат и да ги почитуваат собраќајни знаци и правила, изјави Кадриу.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен