А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

УХМР: Годинашниот февруари просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности

by А1он02/03/2023 - 13:56204
Share0

Годинашниот февруари е просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава.

Добивај вести на вибер

-Месечната температура се движеше од -0,2 степени во Берово до 6,6 степени во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната беше 0,2 степени над просечната на ниво на држава. Средната максимална температура варираше од 6,0 степени во Маврово до 13,8 степени во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 19 Февруари во Гевгелија и изнесуваше 22,8 степени. Забележени се високи максимални температури особено во период од 16 до 26 февруари, кога е забележен продор на топлотен бран на целата територија на државата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

УХМР наведува дека се забележени минимални температури под нулата во континуитет во првите 15 дена од месецот на сите мерни места. Средната минимална температура варирала од -6,1 степени во Берово до 0,9 степени во Гевгелија. Најниската минимална температура минатиот месец била измерена во Берово – на 9 февруари и изнесувала -16,1 степени.

-Во февруари 2023 месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 1,4 мм во Гевгелија до 27,5 мм во Берово. Врнежите беа од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од 13,7 мм беше регистрирано во Маврово на 27 февруари. На Попова Шапка на 1 февруари беше измерена највисока снежна покривка од 73 см. Споредено со февруарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 36 мм под просечната на ниво на држава., соопшти УХМР.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен